Никој не сакаше да ја купи крвта на Махатма

Од:

Две стаклени плочки, на кои се наоѓа крвта на поранешниот индиски лидер Махатма Ганди не се продадени на вчерашната аукција во Лондон, откако не ја достигнаа минималната цена од 15.000 долари.

Крвта на Ганди му е земена во 1924 година додека заздравуваше од операцијата на „слепо црево“ во болница во близина на Мумбај.

– За следбениците на Ганди таа има статус на реликвија, изјави Ричард Вествуд-Брук, експерт за историски документи во аукциската куќа Mullock’s.

Тој мислел дека за крвта лесно може да најде купувач затоа што водачот на индиското движење за независност и денес има свои приврзаници, но тоа не се оствари.

Стакленцата со крв се дел од поголемата колекција на предмети кои му припаѓале на Ганди, а Mullock’s неодамна за 15.000 долари продаде примерок на тлото на кое поранешниот индиски лидер стоел кога бил убиен.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ