Неверојатна фотографија на која е нешто што не може често да се забележи, а е дело на Мартин Лемеј од Есекс.
Додека Мартин се шетал со својата сопруга забележал шушкање и раздвиженост помеѓу крошните на блиските дрвја.
Клукајдрвецот се обидувал да го симне од грбот слепиот патник, во случајов, оваа мала ласица.
Клукајдрвецот слетал на земја и успеал да се ослободи од натрапникот што најверојатно се обидувал да си „најде ручек“.