Необична глетка на писта во Рим: Работници туркаа авион од 36 тони

Од:

На римскиот аеродром Фјумичино патниците неодамна имаа можност да видат многу бизарна сцена – работници биле присилени да туркаат патнички авион, што заради техники проблеми, не можел да полета.

Авион „Бомбардие ЦРЈ 900“ на авиокомпанијата „Иберија ерлајнс“ тргнал кон пристанишниот град Виго во Шпанија, но се покажало дека при полетување му била потребна мала помош.
Авионот, што бил преполн со патници и багаж, околу еден час поминал на аеродромската писта пред 11-те работници да добијат дозвола да го туркаат авионот.

Целиот настан бил забележан и од камерите на патниците, кои своите видео-снимки набрзо ги ставиле на ЈуТјуб.

Весникот Локал.фр. објаснува дека при движењето на авионот наназад потребно е моторите на авионот да бидат исклучени заради можно вшмукување од остатоци од пистата што потоа би можеле да предизвикат обратен потисок. Од таа причина, најдобро е авионот да се придвижи рачно, со туркање.

Претставниците на „Иберијан ерлајнс“, се уште, не се огласија по повод овој необичен настан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ