Научниците потврдија: Кучињата навистина разбираат, крадат храна кога не ги гледаме

Од:

Иако отсекогаш сте мислеле дека вашето домашно милениче ве разбира, сега тоа можете да го поткрепите и со научното истражување. Истражувачите од Униерзитетот во Портсмут неодамна направија „експеримент“ со желба да дознаат дали кучето е во можност да го разбере човекот, односно да види работи од перспектива на човекот и да се однесува согласно тоа.

Во серијата експерименти финансирани од страна на Друштвото Макс Планк, ставиле учесници кои им забранувале на кучињата да земаат храна, а потоа ја напуштале просторијата. Истражувачите во експериментите ја менувале јачината на светлината.

Се покажа дека кучињата во мрак четири пати почесто се обидуваат да дојдат до храна и дека по мрак помалку реагираат на командите. Дури и земале повеќе храна и побрзо би ја зграбиле кога светлото било згаснато.

– Резултатите од нашите тестови покажуваат дека кучињата знаат дека е побезбедно да се украде храна кога е собата во мрак, затоа што разбираат нешто од човековите сфаќања, соопшти психологот Џилијен Камински.

Порано студиите покажаа како шимпанзите го менуваат своето однесување во близина на човекот, но не беше сосема јасно како кучињата го менуваат своето однесување во присуство на луѓе. Ова би можело да биде мал знак дека кучињата се во состојбата да „влезат во нашите мисли“ повеќе отколку што порано се мислело.

Научниците тврдат дека кучињата се во состојба да гледаат на работите од човечка гледна точка и согласно тоа и така и да се однесуваат.

Претходните истражувања покажаа  исто така, дека кучињата крадат многу повеќе количество храна кога очите на присутните лица се затворени.

Во експериментот учествувале 42 мажјаци и 42 женки од различни раси и сите биле постари од една година, а истржувачите претходно ја исклучиле можноста дека кучињата едностано бараат храна затоа што мракот значи оброк.

Др. Камински објаснува: Луѓето се склони да препишуваат некои особини и емоции на други живи суштества. Знаеме дека нашето куче е паметно или чувствително, но тоа се наши мисли, не нивни. Интересно е дека овие резултати покажуваат дека луѓето можеби се во право, барем кога станува збор за кучињата. Но, неможеме се уште да бидеме целосно сигурни дека експериментите покажуваат дека кучињата имаат навистина флексибилен начин на разбирање и продирање во туѓите мисли. Отсекогаш се сметало дека само човекот ја има таа способност.

Многу претходни истражувањата покажаа дека човечките очи за кучињата претставуваат важен сигнал кога одлучуваат како да се однесуваат, како и дека претпочитаат да реагираат на фокусиран човеков поглед, отколку на лице чиј поглед лута или кој е  неизаинтересиран.

МИА

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он