Научниците го пронајдоа „идеалното место“ за колонизација на Месецот

Од:

Научниците веќе подолго време претпоставуваат дека вдлабнатините на Месечината, направени од ерупциите лава, најверојатно се погодни и сигурни места за живот.

Истражување објавено во списанието „Џиофизикал Рисрч Летерс“ укажува дека неколкуте откриени тунели близу групата вулкани Мариус Хилс можат да се искористат за научно испитување на структурата на Месечината, но и како потенцијален дом за луѓето.

Јапонската воздушно-вселенска истражувачка агенција (JAXA) ги темели овие сознанија според анализа на податоци од леталото Селен. Освен што ги откриле тунелите, јапонските научници утврдиле и колку се тие длабоки и широки.

– Без сомнеж, овие дупки би биле совршени за колонистите. Во подземните тунели, луѓето би биле заштитени од штетните сончеви зраци, температурните промени… Бидејќи Месечината нема атмосфера, овие „скривалишта“ се идеални, пишува порталот „Гизмодо“.

Би можело да ве интересира

Лендерот SLIM преживеа -130 степени и испрати фотографија од Месечината

ВИДЕО: Американците се вратија на Месечината

Катерина Ѓуровски

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Јапонците испишаа историја: Слим слета на Месечината и оствари контакт

А1он

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Историски подвиг за Индија: Вселенското летало слета на Месечината

Катерина Ѓуровски