Натпревар по „Брзо пиење на кригла точено пиво“

Од:

Зоран Тушевски е победник на првиот натпревар во „Брзо пиење на кригла точено пиво“ во општина Илинден како неофицијален дел од спортскиот викенд „Илинден 2015“, што се одржува во рамките на одбележувањето на Денот на Општината „Илинден 2 Август“.

Тушевски бил најбрз меѓу 12-те „величествени пивопијци“, колку што учествувале на натпреварот, што се одржал на терените на спотртско рекреативниот центар во Марино.

Според пропозициите во првиот круг по испиена една кригла пиво од половина литар, отпаднале „побавните“ шестмина. Во вториот круг пиеле по две кригли пиво, по што отпаднале четворица. Во финалето првите двајца според правилото требало да испијат по три кригли за да се добие најбрзиот пијач на пиво на натпреварот.

За финалистите, како и за сите натпреварувачи следувале пригодни награди.

Од општината најавуваа дека брзото пиење на пиво ќе стане традиција и дел од Спортскиот викенд „Илинден“.

Би можело да ве интересира

Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

Орце Костов

Нема извоз на германско пиво за Русија, голем проблем за пиварниците од Баварија

Пиварите од Баварија речиси и не испорачуваат пиво во Русија

А1он

СКОПСКО SMOOTH ЈА ЛАНСИРАШЕ Smooth ON – Свежа музика на само клик од тебe

Горан Наумовски

„Експензивити“: Македонците трошат 260 евра годишно на пиво

Ана Ололовска

Трагедија во Германија – пиво вредно милиони евра пропадна поради корона-кризата

Жарко Настоски