Наскоро прирачник со правила за кибер-војување

Од:

Правила на војување, неутрални територии, заштита на цивилите и воени злосторства постојат и во кибер-војна, поради што една група експерти подготвува прирачник за примена на меѓународното право на онлајн војувањето.

 Прирачникот ќе биде објавен кон крајот на неделава, во настојување да се покаже како цивилите, болниците или неутралните територии можат да бидат заштитени во новиот облик на војување во современото време.

– Сите на интернетот гледаа како на „Див Запад“. Она што го заборавиле е дека меѓународното право се применува на кибер-оружјето исто како и на секое друго оружје, изјави уредникот на прирачникот Мајкл Шмит.

Прирачникот „Талин“, кој е наречен според главниот град на Естонија каде што е составен, е направен по барање на Центарот на НАТО за кооперативна кибер-одбрана.

Во него се наоѓаат веќе постоечките правила за однесување во војна, како што е Женевската конвенција од 1949 година, применети на интернет.

Главната претпоставка од која тргнале авторите на овие упатства е дека војната не престанува да биде војна само затоа што се води онлајн.

На тој начин, хакирањето на компјутерот кој ја контролира работата на браната ќе има исти последици како и поставување на експлозив. Во кибер-војната заштитата на болничките компјутери има исто значење како и заштитата на болниците.

Чувањето на личните податоци на воените заробеници не се разликува од заштитата на самите затвореници, а тоа може да се направи со чување на овие податоци одвоено од воените сервери кои можат да бидат цел на напад.

Во прирачникот се предупредува и дека во кибер-војната може да има воени злосторства, како и дека е забрането вршење кибер-напади врз неутрални територии, како што е забрането војската да преминува преку територија на држава која прогласила неутралност.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он