НАСА: Нема да има крај на светот во декември

Од:

Крај на светот на крајот на декември 2012 година нема да има, соопшти НАСА на нејзината Интернет страница.

– Во 2012 година крај на светот нема да има. Нашата планета била во ред во текот на повеќе од четири милијарди години и тврдењата дека набрзо ќе настапи крајот на светот не се поддржуваат од никакви научни основи, се вели во соопштението.

Во него се демантираат најтиражните верзии за крајот на светот. Едната од нив гласи дека Земјата ќе се судри со мистичната Нибиру, која лута во Сончевиот систем.

Првично таа катастрофа се очекуваше во мај 2003 година, но таа не се случи и тогаш се појави нова верзија за крајот на светот, што ќе настапи на 21 декември 2012 година. Имено, на тој датум завршува еден од циклусите во календарот на Маите.

– На 21 декември 2012 нема да дојде крајот на човештвото, туку ќе настапи зимскиот солстициј (зимска краткодневница), додава НАСА и истакнува дека древните Маи никогаш воопшто не го претскажале крајот на светот.

Според американската вселенска управа по 21 декември 2012 година во календарот на Маите започнува нов циклус, токму како што на 1 јануари 2013 година започнува новата година.

Научниците од НАСА, меѓу кои астрономи, астробиолози и експерти за изучување на астероидите и на Сонцето, ќе имаат видео разговор на „Гугл“, на кој ќе им објаснат на љубопитните луѓе подетално зошто теориите за крајот на светот се чиста измислица.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ