НАСА ќе испрати дрон на сателит на Сатурн

Од:

НАСА има намера до 2026 година да испрати дрон на Титан – најголемиот природен сателит на планетата Сатурн. Мисијата ќе трае осум години.

Дронот, наречен „Вилинско коњче”, е голем колку возило за голф-терен и има четири пропелери, а на својата мисија ќе тргне 2026 година. Титан има одредени сличности со својствата на Земјата пред појавата на човекот.

– Титан е поинаков од кое било друго тело во нашиот Сончев Систем и е најспоредлив со „раната Земја“, смета администраторот на НАСА, Џим Брајденстејн.

„Вилинското коњче“, кое ќе се движи со нуклеарен погон, ќе биде оспособено да мине над 160 километри низ густата атмосфера на Титан. Инструментите на леталото ќе ги истражуваат условите за живот на Титан и ќе бараат хемиски траги од живот во минатото, па евентуално, и сегашен.

Агенцијата најави и нова мисија за истражување на сончевиот состав, со цел – барање податоци што би го објасниле потеклото на човештвото.

Би можело да ве интересира

Алиу: Следниот чекор е лансирањето на сателитот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало

НАСА испрати погрешна команда и изгуби контакт со вселенско летало оддалечено 19 милијарди километри