Американско-канадската компанија Молсон Корс кои се сопственици и производители на пивото Кобра, направиле чаша за која тврдат дека е „најдобра чаша за пиење пиво во светот“.
Чашата е наречена Cobra Smooth Pour Glass, а направена е во соработка со експерти за хидродинамика и флуидна механика од Универзитетот во Бирмингам, Империал Колеџ и фирмата Кармарама од Лондон.
Чашата има единствен канал во внатрешните ѕидови кои на пивото му овозможуваат лесен спирален тек, а кој ослободува вкус и арома и создава најдобра пена. Чашата ќе биде во продажба од ова лето.