Најстарите копачки во Македонија се од 1931 година

Од:

Во Музејот на Македонија се изложени најстарите зачувани фудбалски копачки во земјата, кои датираат од 1931 година, а биле сопственост на Ѓорѓи Соколов Клинчаров – Сокол, фудбалер на ФК „Слога“ од Велес.

Музејот денеска преку својата официјална фејсбук-страница објави фотографии од копачките, дел од музејската поставка, кои Соколов ги користел во периодот од 1931 до 1935 година додека настапувал за ФК „Слога“.

Копачките, чие тежат 700 грама и се изработени од црна кожа, а на долниот дел имаат цврст ѓон врз кој се поставени седум крампони. Од горната страна имаат по едно ремче кое служи за поефикасно да ја држи ногата во копачката.

По крајот на Првата светска војна во македонските градови престојувале англиски единици. Во тој период биле одиграни три натпревари помеѓу македонската фудбалска екипа „Напредак“ и членови на англиските единици. Откако тие заминале за Англија, во знак на благодарност испратиле 11 пара копачки за фудбалерите на скопски „Напредак“.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ