Најстарата Американка го прослави 115-от роденден

Од:

Најстарата Американка, една од малубројните живи луѓе родени во 19. век, вчера го прослави 115-от роденден.

Џералин Тали, родена во 1899 година, според Геронтолошката истражувачка група, е втора најстара личност на светот.

Жителката на Мичиген до минатата година одела на риболов, а и натаму шета со помош нa помагало.

На својот 115-ти роденден, таа посетила лекар, иако вели дека не се чувствува болно.

Одговорот на Џералин Тали на прашањето како толку долго живее, не се менува со години. „Се е во рацете на добриот Господ“, вели таа.

Според Геронтолошката истражувачка група, најстара личност на светот е Јапонката Мисао Окава, стара 116 години.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ