Змијата наречена „свет грал меѓу кралските питони” е една од трите змии во светот и се продава по цена од 100.000 долари.
Сопственичката на црно-белата змеија вели дека оваа женка е резултат на повеќе од седум години планирање и вкрстување.
Колин Вивер го опишува овој примерок на кралски питон како спектакуларен и вели дека и превозот е вклучен во цената.
Змијата се извела од јајцето на 31 октомври и се храни со глувци.
Вивиер верува дека во моментот постојат само три такви змии на светот, од кои две се од нејзиното легло.
Кралските питони се неотровни змии од Африка кои станаа популарни миленичиња. Според легендата и самата Клеопатра имала таква змија која ја носела околу раката.