Најмногу патуваме со автомобил, најмалку со воз

Од:

Автомобилите се доминантно превозно средство во домашниот транспорт за македонските граѓани, кои пак од расположивите видови транспорт најмалку користат воз.

На транспортот со автомобил отпаѓаат 77,2 процента од поминатите патнички километри, по што следи патувањето со автобус со 22,2 процента, а со воз 0,6 проценти, покажуваат податоците на Еуростат, објавени на почетокот на Европската недела на мобилност.

И за жителите на Европската унија најчест избор во внатрешниот сообраќај се автомобилите, но таму е речиси изедначен превозот со автобус и со воз. Со автомобил се движеле 83,3 проценти од патниците, 8,8 отсто со автобус и мотор, а 7,9 проценти со воз.

Меѓу земјите членки, најголем број поминати патнички километри со автомобил има во Литванија, 91,1 процент, по која следат Португалија и Словенија со 88,5 односно 86,5 проценти.

Кај патувањето со воз со 11,9 проценти лидер е Австрија, зад која се Холандија со 11,4 проценти и Франција со 10,8 проценти. Унгарија, пак, е државата со најголема застапеност при патување со автобуси и тролејбуси, на кој вид превоз отпаѓа 21,1 процент, по што следат Кипар со 19 проценти и Малта со 17,5 проценти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Летачкиот човек“ си вгради оружје до главата

Ана Ололовска

Банирани на „Близард“ до 3019 година поради „тролање“

Ана Ололовска

Пронајдени фосили стари 310 милиони години

Рекорд: Според документите, Индиец има 123 години и еден месец

Ана Ололовска

Сопругата на бугарски кечер снимена в кревет со друг билдер

Ана Ололовска

На жените им треба повеќе сон, оти го користат мозокот повеќе од мажите

Ана Ололовска