Најмногу мобилни телефони во регионот се користат во Црна Гора

Од:

Најголем број мобилни телефони во регионот имаат Црногорците, каде на 100 жители има 178 претплатници, а по нив следат Хрватите со 113 претплатници на 100 жители, покажуваат податоците од глобалниот индекс на конкурентност на Светскиот економски форум.

На овој начин Црногорците се најдоа во друштво со Русите, Финците и Австријците, кои најмногу користат мобилни.

Од останатите земји во регионот, на трето место се наоѓаaт Македонија и Албанија со по 108 претплатници на 100 жители, додека најмал број корисници на мобилни телефони е забележан во Србија и БиХ, каде има значителен број на граѓани кои немаат мобилен телефон.

Србија има 93 корисници на 100 жители, а БиХ – 89.

Ако се погледне пошироко на Балканот, мобилните телефони најмногу ги користат Бугарите, каде има 146 претплатници на 100 жители.

Најголем број на мобилни телефони во светот се користат во Хонг Конг, каде има 228 претплатници на 100 жители.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора