Најчудните причини за развод

Од:

Причните за развод се бројни но и разновидни. Ви претставуваме список на најчудни причини за развод на брак, пишува Блиц.

Не му се допаѓа цртаниот филм „Фрозен“

Верувале или не, ова не е шега. Една Јапонка одлучи да се разведе затоа што на нејзиниот партнер не му се допаднал овој популарен цртан филм. На крајот му рекла: – Ако навистина не можеш да разбереш колку овој цртан филм е фантастичен, тогаш нема што да бараме да бидеме заедно.

Кога жената ќе ја поседува ѓаволот

Понекогаш бракот едноставно ја губи својата убавина, енергија, страст… Тоа се случило на брачната двојка од Дубаи, а сопругот кој поднел барање за развод, како причина на судот навел тоа што неговата жена, ни малку ни повеќе, ја поседува ѓаволот. Откако одбила да спие со него, нејзиното семејство му објасни дека тоа се случува затоа што во неа влегол ѓавол.

„Пенисот се расипал“

Еден несреќен Русин се подложи на пластична операција за да ја „подобри“ функцијата на својот пенис. Кога протезата се расипала, сопгургата одлучила повеќе ништо да не ги врзува и дека подобро би било да се разделат.

Сопруга на која никогаш не и е доста од секс

Изгледа дека и од секс може да боли глава, затоа што еден Индиец токму заради тоа се разведе. Оваа бизарна причина ја навел затоа што неговата сопруга во секое време била расположена за вакви активности, а често на нејзиниот сопруг вршела притисок да зема препарати за да го подобри неговото либидо.

Нагалено ја викал „Гвантанамо“

Жена од Саудиска Арабија ова го наведе како причина за развод. Имено, оваа жена сосема случајно откри дека нејзиниот сакан сопруг во својот мобилен телефон нејзиниот број бил мемориран под името „Гвантанамо“, што не и се допаднало ни најмалку.

Папагалот и кажал дека мажот и ја изневерува

Според Еј-Би-Си медиумската мрежа, една Кинеска моментално му поверувала на нејзиниот папагал дека мажот ја изневерува и се одлучила да се разведе од него. Птицата, наводно, упорно ги повторувала зборовите „развод“, „ќе ја оставам“, те сакам“.

Неговата жена посвоила 550 мачки

Еден човек барал развод затоа што неговата сопруга донела 550 мачки во нивниот дом. Со толку животни, за сиромашкиот, немало место.

Мојот маж премногу чисти и средува

Да, една двојка после 15 години брак се разведе токму затоа што мажот бил опседнат со хигиената. Таа, наводно, била многу поопуштена од него и не сакала претерано уреден живот.

Мојата сопруга бакна коњ и многу и се допадна

Еден човек се разведе затоа што пронашол фотографија каде неговата сопруга бакнува коњ. Нему тоа му било несфатливо. А таа сакала животни.

Не и ја простил измама од 1940 година

Една италијанска двојка го раскина својот брак затоа што мажот (99) дознал дека сопругата (96) имала афера во 1940 година. Измамата, сепак, не се простува.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ