Најбогатиот човек во историјата бил четири пати побогат од најбогатиот човек денес

Од:

Сопственикот на компанијата „Амазон“ неодамна стана најбогатиот човек на светот и неговото богатство премина 100 милијарди долари, но сепак тој не е најбогатиот човек во историјата.

Таа титула му припаѓа на кралот на Мали, Манса Муса. Според магазинот „Тајм“, Муса бил побогат од што некој може да опише. Неговото богатство, прилагодено за инфлацијата, се проценува на околу 400 милијарди долари.

Муса Кеита Први дошол на власт во 1312 година, а кога бил крунисан го добил името Манса, што значи крал. Во тоа време, поголемиот дел од Европа бил зафатен од глад, но неколку африкански кралства биле успешни.

Додека бил на власт, Манса драстични ги зголемил границите на својата империја, а по анектирањето на градот Тимбукту, неговата империја се простирала на околу 2 илјади милји, односно на територијата на модерни Мауританија, Сенегал, Гамбија, Гвинеја, Буркина Фасо, Мали, Нигер, Нигерија и Чад. Неговата земја имала многу ресурси, пред се сол и злато.

За неговото богатство светот дознал во 1324 година кога тргнал во Мека, а со себе носел караван со десетина илјади војници, цивили и робови, кои носеле свила и злато.

За време на кратката пауза во Каиро потрошил и донирал толку злато што предизвикал инфлација, пишува „Бизнис инсајдер“. По неговата посета на градот му биле потребни неколку години за да се опорави од кризата на валутата.

Во градот Тимбукту изградил неколку библиотеки и легендарната Ѓингурбер џамија која што постои и денес, а и давал стипендии за студенти од целиот муслимански свет да доаѓаат таму на студии.

Манса Муса починал во 1337 година, а го наследил неговиот син, Маган Први.

По неговата смрт, неговото богатство било исцрпено со војни, но дел од неговото наследство останува видливо и денес. Од неговото време се уште постојат библиотеки и џамии кои сведочат за златниот период на Мали.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Ана Ололовска