Повеќе од 800 видови на пиво се претставени на фестивалот на овој пијалок, кој почнува денеска во Лондон.
Се очекува најголемиот фестивал на пивото во Велика Британија, кој се одржува во комплексот „Олимпија“ и ќе трае една недела да биде посетен од околу 55 илјади лица.
Цената на влезниот билет чини десет фунти, со кои посетителот добива кригла од половина литар.
Особено внимание на фестивалот е посветено на дегустацијата на традиционалното англиското пиво Ел, кое има ќилибарна боја и чиј вкус варира од горчлив до сладок. За разлика од обичното пиво Ел се пие топло.