18-годишниот Дејн Гилеспи од Белфаст едно утро отишол да ја провери својата банкарска сметка и бил шокиран кога открил дека станал милионер преку ноќ.
На неговата сметка по грешка биле припишани 8 милиони фунти или повеќе од 9 милиони евра, но за жал не смеел да ги задржи парите.
Всушност, Дејн неодамна уплатил чек од баба му од 8.900 фунти, но дошло до грешка кога банката му исплатила илјада пати поголема сума.
Тинејџерот ѝ ја покажал состојбата на својата банкарска сметка на мајка си, која исто така била шокирана.
“Не можевме да поверуваме. Мојот син неколку часа мислеше дека е милионер. Во средата наутро на неговата сметка имаше 8,9 милиони фунти. Добро е што ни кажа и не отиде да го потроши сето тоа”, таа кажа.
„Ми рече дека ќе нарача Порше, а јас му реков: „Не биди луд, тоа не се наши пари, треба да го поправиме ова“, додаде таа.
Банката набрзо сфатила дека е направена голема грешка и била исправена состојбата на сметката, па Дејн сепак не успеал да го земе поршето.