На аукција ДНК на Наполеон Бонапарта

Од:

Приватните колекционери ќе имаат ретка можност следната недела да купат ДНК на Наполеон Бонапарта. По повод два века од смртта на францускиот војсководец, на аукција ќе биде ставено парче од платното, со кое тој бил покриен за време на обдукцијата.

Францускиот император почина на 5 мај 1821 година на 52-годишна возраст на островот Света Елена во Атлантскиот Океан, каде Британците го протерале по поразот во 1815 година во битката кај Ватерло.

Аукциската куќа „Осенат“ на 5 мај ќе стави на аукција околу 360 предмети меѓу кои ќе биде и платно со кое Наполеон бил покриен за време на обдукцијата, прамен од неговата коса, неколку свилени чорапи и кошули со долги ракави, на кои со црвен конец е извезена буквата Н.

– Наполеон поседувал значителен број кошули. Бил огромен перфекционист. Се капел три-четири пати дневно, месечно користел од 20 до 30 литри колонска вода и секогаш менувал кошули, објаснува аукциската куќа „Осенат“.

Се проценува дека платното на кое има крвава дамка од францускиот војсководец и владетел би можело да достигне продажна цена од 15.000 евра.

Повеќето артефакти кои ќе се најдат на лицитацијата потекнуваат од куќата во која Наполеон ги поминал последните години од животот.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

ВИДЕО: Трејлерот за новиот филм е прегледан над 10 милиони пати за само 15 часа

Предраг Петровиќ

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он