Мачка со џуџест раст, позната како „Мрзелива мачка“ (Grumpy Cat), ја направи богата нејзината сопственичка.
Оваа интернет сензација која неодамна стана ѕвезда на големото платно, во последните две години заработи речиси 100 милиони долари, пишува британски „Телеграф“.
За да биде појасно колкава е таа бројка во светот на филмот, ќе ја споменеме само Гвинет Палтроу, која минатата година заработи 19 милиони долари.
Мрзеливата мачка има заработено повеќе и од Никол Кидман, Мет Дејмон и Метју Меконахи.
– Тоа што го постигна таа за така куз период е незамисливо, вели нејзината сопственичката, Табата Буншен од Аризона. – Откако се појави на социјалните мрежи, можев да си дозволам да престанам да работам како келнерка, затоа што повиците за нејзино појавување во медиумите не престанаа, се потсетува 28-годишната девојка.
Мрзеливата мачка Тардар Сос e ѕвезда во филмот „Grumpy Cat’s Worst Christmas Ever“, а книгата врз основа на која е снимен фимот е преведена на 15 јазици.
Нејзините видео снимки ги имаат видено 15,7 милиони луѓе.
Сепак двегодишнта мачка со џуџест раст, воопштно не е мрзлива. Таа е родена со генетска мутација, поради што и има таков изглед.