Московското метро обезбеди домови за речиси 200 животни

Од:

Возот „Опашки и шепи“ на метрото во Москва за еден месец помогна на речиси 200 кучиња и мачки да најдат сопственици, соопшти Одделот за транспорт во рускиот главен град.

На почетокот на минатиот месец започна со работа онлајн платформа на тематскиот воз „Опашки и шепи“ и речиси 200 кучиња и мачки од разни засолништа пронајдоа свој дом. На тој начин, за нив ноември стана најтоплиот месец, коментира Одделот на својот профил на Телеграм.

Во вагоните на овој воз се поставени фотографии од кучиња и мачки со ОР-код на миленичето кое бара дом. Кога животното ќе најде сопственици, под фотографијата се појавува текст „Јас сум веќе дома“.

Возот со фотографии на животните ќе сообраќа по една од линиите на метрото во следните шест месеци.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он