Мануел Франко (24), од американската сојузна држава Висконсин, освои 768 милиони долари на америанската лотарија „Пауербол”, што е третата најголема исплата во историјата на лотото во САД.
– Почнав да полудувам. Ги погледнав броевите и – се поклопуваа. Срцето почна силно да ми чука, почувствував жештина… Почнав да викам, објаснува Франко.
Тој наведе дека дал отказ, оти не може да продолжи да работи. Ја одбра еднократната исплата, наместо парите да му стигаат на рати, а се надева, дека дел од нив ќе одат и во добротворни цели.
Еднократната целосна исплата изнесува 477 милиони долари.
Според законите во Висконсин, добитниците на лото не може да останат анонимни. Веројатно поради тоа, Франко, како што изјави, веднаш откако ја освоил наградата, го скрил лозот во сеф.
– Станав параноичен, се чувстував како целот свет да ме гони. Секој ден мислев дека некој е зад мене. Тешко е да го живеете својот живот кога имате ливче коешто сите го посакуваат, нагласи Франко.