Момче апелира да се прават чоколадни куршуми

Од:

Едно момче од Милвоки доби личен одговор од потпретседателот на САД, Џо Бајден на неговиот предлог безбедноста во земјата да се реши со куршуми од чоколадо.

Седумгодишното момче од второ одделение во основно училиште во Милвоки, во американската држава Висконсин, му напиша писмо на Бајден и неколку американски претставници каде ја изнесе неговата идеја како да го направат светот посигурен.

Тој во писмото истакнува дека доколку би се користеле чоколадни куршуми, никој не би бил повреден, соопшти учителката на момчето, Џени Аичер.

Детето, а и останатите во училиштето се изненадиле кога во понеделникот во поштата стигнал одговорот од Бајден, рачно напишан. Во писмото потпретседателот на САД вели дека се согласува дека чоколадните куршуми ќе ја направат земјата посигурна и среќна. Пораката се завршува со зборовите „Луѓето обожуваат чоколадо. Ти си добро момче“.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ