Трендот на најпопуларно машко име во главниот норвешки град Осло – се промени. Името Мохамед е најпопуларно име во градот првпат во неговата историја.
Истражуањето које го спроведе Статистик сентралбири – ССБ, јавна установа која спроведува статистички истражувања во Норвешка, ги преброи жителите на Осло и откри кои имиња преовладуваат во норвешкиот главен град.
Вкупно 4.801 машки жители на Осло го носат името Мохамед или неговите варијации. На второ место се имињата Јан (4.667) и Пер (4.155). „Ова се возбудливи податоци“, заклучи Јорген Оурен за НРК, а јави „The Local“.
Мохамед веќе е четврта година по ред на прво место на листата на имиња на новородени бебиња во Осло, но ова е првпат да избие на прво место на имиња на сите машки жители во тој град.