Милионер од Кина од кланица направи засолниште за кучиња

Од:

Како и во остатокот на светот и во Кина кучињата скитници се голем проблем. Многу кучиња завршуваат во кланиците и потоа во чиниите на рестораните.

Кинескиот милионер Ванг Јан (29) потроши цело богатство за да изгради засолниште за спасување на околу две илјади кучиња кои требало да завршат на нечија чинија, пишува Mеtro.co.uk.

Ванг Јан, се до пред три години во градот Чангчун водеше голема бизнис империја.

Што се промени што животот одлучил да го посвети на спасување на животни?

На одлуката и претходела бегањето на неговото куче кое безуспешно се обидувал да го пронајде. Низ главата му се вртеле многу сценарија, според кои најчесто неговото куче завршувало во локална кланица за кучиња.

Кога конечно му дозволиле да влезе во кланицата да види дали неговото куче е таму, тој бил шокиран од глетката која ја видел. Веднаш одлучил да ја купи кланицата и во неа да отвори зсолниште за кучиња скитници (кои требало да бидат заклани).

Иако имало моменти кога во засолништето имало повеќе од илјада кучиња, во моментов претстојуваат стотина. Другите се вдомени.

Со оглед на тоа дека храната и лекувањето на толкав голем број кучиња финансиски го чини Јан, со текот на времето западнал во долгови. И покрај тоа, донациите од граѓаните по правило не прима, освен ако се работи за најосновни работи.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он