Метросексуалноста е мртва. Да живее спорносексуалноста!

Од:

Пред 20 години, Марк Симсон го искова терминот „метросексуалност“. Но, сега тој објаснува дека се појавил нова, уште поекстремна верзија, која ја опишува опседнатоста со сексот и телото.

Во светот во развој, кој повторно ќе биде доведен пред огледалото уште еднаш да ја испита аноксиозноста за фрази, годинава метросексуалноста ги напушта тинејџерските години и полни 20 годни.

Колклу брзо растат вашите деца. Иако изгледа како да било вчера кога првпат пишував за него во 1994 година, откако бев на изложба организирана од списанието Џи-Кју и наречена „Ова е свет на мажи“. Го видов светот на машкоста и се навлажнив.

– Метросексуалниот млад маж, самец со високи приходи за трошење, кој живее или работи во град (затоа што таму се најдобрите продавници) е можеби најветувачкиот потрошувачки пазар на деценијата, предвидував тогаш.

Две децении подоцна од се поголемото излегување надвор и гордеење – и многу предизвикувања – со машка суета, и метросексуалноста остана јаболко на алчното око на потрошувачите. Во еден свој скорешен извештај, ХСБЦ се лигавеше врз  неговата „вкусност“, и потенцираше колку мејнстрим станала метросексуалноста.

Се разбира, тоа се стари вести за некого кој ги следи екстремно свесните за својата појава конзументски мажи околу него – или во кревет со нив. Или на начин со блескави клукања и упатства за машкото здравје, со кои фитнес списанијата веќе неколку години ја надминуваа продажбата на „списанија за жени“.

Или навистина секој кој ја прочита веста од минатата година дека мажите во Обединетото Кралство денес трошат повеќе на чевли од жените.

Од перспектива на денешниот намирисан, набилдан, исправен, добро потстрижен, самообожуван свет, тешко е да се поверува дека метросексуланоста мораше да се мачи да биде забележана на почетокот на 90-ите. Повеќето мажи тогаш негираа дека има „некои новите момци“ во врска со тоа што се случуваше со мажите, и зошто им треба повеќе време во бањата.

Исто колку што машката хомосексуалност тогаш беше стигматизирана и делумно криминализирана, желбата на мажите да бидат обожувани – што е суштина на самопризнавањето на метросексуланоста – од луѓе беше негирана. Нарцисизмот беше сметан за во основа женствен, или валјдовски – и видете што му се случи. Судењата на Оскар Вајлд, оној последниот денди, на крајот на 19-иот век помогнаа викторијанската моралност да удри печат во поголемиот дел од 20-иот век. Машката суета беше во најдобар случај феминизирана – а во најлош, перверзна.

На крајот на 20-иот век, со аболицијата на последните закони кои се дискриминирачки во однос на машката хомосексуалност и со доаѓањето на налицканата доминација на културата на славни личности со својата дарвиновска борба да се биде визуелно забележан, „брендираниот“ свет конечно ги збриша осатоците од викторијанизмот.

За да го илустрираме ова, морам да кажам два збора: Дејвид Бекам, англискиот фудбалер од светска класа кој стана глобално попознат заради неговите фризури кои привлекуваа внимание, непобитната убавина и нескротливата желба да се биде посакуван повеќе отколку заради неговите фудбалерски вештини.

Кога еднаш играчот од средината кој носеше сари беше откриен во 2002 (пак од мене, извинете) како врвен метросексуалец, одеднаш сите „сфатија“ за што станува збор. Сето тоа негирање од девеесетите се претвори во непрекинати муабети за Лошкото во врска со метросексуалноста, и за „машкиот фризерај“. Но луѓето сеуште не успеаја да сфатат што навистина се случува со мажите.

Всушност, величенствената природата на машката револуција која ја претставува метросексуалноста, воглавно беше покриена со вештачко и претерано известување за тоа. Метросексуалноста, во смисол на парадоксот кој Вајлд би го забележал, не е длабоко под кожата. Не се работи за изгледот на лицата и за машките чанти, за шминката за мажи и јадранките.

Не станува збор ниту за тоа дека мажите станале „девојчиња“ или „геј“. Туку станува збор за тоа дека мажите се претворија во се. За самите себе.  Исто како што жените се окуражија некое веме да го прават истото.

Ова користење на мажите на производи, пракса и задволства кои претходно беа споредувани со жените и хомосексуалците, сега е толку нормален – дури и кога сеушпте ни треба увереност од зборовите „маж“ или „геј“ со нивно истакнување на амбалажата, со некаков фалусоиден симбол – тоа денес се зема здраво за готово од младите мажи кои навистина станаа се. Толку што тоа може да биде премногу за постарите генерации на метросексуалци.

Со нивните болно набилдани и обликувани тела, тетоважи кои ги истакнуваат мускулите, пирсинзи, неодоливи бради и истакнати ланчиња околу вратот, очигледно е дека втората генерација на метросексуалноста е помалку поврзана со облеката отколку што беше на почетокот. Со страсно самообожување, втората генерација метросексуалци е сосема дотерана. Нивните тела (повеќе од малтретирањата и производите) станаа врвни асесори, истакнувајќи ги во стил на мода во теретаните со топла удобност – оние кои тие ги споделуваат и споредуваат на онлајн пазарите.

Овој нов бран ја вметнува „сексуалноста“ во метросексуалноста. Всушност, потребен е нов термин со кој ќе бидат опишани овие набилдани изданоци на оние рекланми на кутиите за доручек со Роналдо и Бекам, каде спортот оди во кревет со порното, додека г-динот Армани ве фотографира.

Па да ги наречеме „спорносексуалци“.

Но, за разлика од старите метросексуални реклами со Бекам, во кои неговиот придонес е вештачки прифатен, денешните спорносексуалци самите си прават свои фотографии на фотошоп во реалниот живот. Сетете се на Ден Осборн од серијата Тоуви во чифт светкави спидо гаќички за капење (а потоа прилегнете си).

Жолтиот печат ја издигнаа раната метросексуалност. Културата на славни личности потоа ја лансираа во орбитата. Но, за денешните генерации, социјалните медиуми, селфи (автопортрети направени со мобилни телефони) и порното се големи вектори на машката желба да бидат посакувани. Тие сакаат да бидат посакувани заради нивните тела, а не заради нивната гардероба. А никако заради нивниот ум.

Се сомневам дека Вајлд можеби ова би го одобрил.

 Дејли Телеграф – Лондон

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ