Металика подготвува илустрирана книга за најмладите фанови

Од:

Големата вест за сите обожаватели на бендот „Металика“ и нивните деца, внуци, помлади браќа и сестри – групата најави дека работи на илустрирана книга за деца, “The ABCs of Metallica”.

Судејќи според објавата на нивниот „Instagram“, книгата ќе содржи илустрирана историја на бендот.

– Секоја буква од азбуката ќе го нагласи нашето патување од деновите на Garage Days do Master of Puppets, заедно со забавните факти кои го придружуваат – велат од бендот.

Бендот ја напиша книгата со помош на Хауи Абрамс, а ја илустрира Мајкл Меклеир, кој веќе работеше на изложбата “Obey Your Master” во 2012 година.

Исто така, вреди да се истакне дека дел од приходите од продажба ќе бидат донирани на хуманитарната организација “Сите во моите раце”, со цел да се поддржи образованието на работната сила и борбата против глад.

Книгата ќе биде пуштена во продажба на 26-ти ноември оваа година.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он