Астероид со големина од неколку фудбалски игралишта ќе помине покрај планетата на вториот ден од пролетта, соопшти НАСА.
Астероидот, на кој американската вселенска агенција му даде ознака 231937 (познат е и како 2001 FO32), е широк меѓу 400 и 700 метри, а околу Сонцето обиколува за 810 дена.
Небеското тело ќе помине на два милиони километри од Земјата на 21 март. Далечината од два милиони километри според НАСА се смета за потенцијално опасна во базата на податоци за астероиди кои имаат пречник поголем од 150 метри.
2001 FO32 се движи со брзина од 124.000 километри на час, однодно 34 километри во секунда, што го прави едно од најбрзите небески тела што поминале покрај нашата планета.