Огромен астероид ќе помине многу блиску до Земјата во текот на викендот

Од:

Астероид доволно голем да уништи град викендов ќе помине помеѓу орбитите на Земјата и Месечината, јавува Би-би-си. Но, за среќа, нема да удри ниту во Земјата ниту во Месечината.

Објектот наречен 2023 DZ2 е откриен пред еден месец, а во сабота ќе помине на 515.000 километри од Месечината. Неколку часа подоцна, ќе прелета покрај Земјата.

Ретко се случува толку големи астероиди да се приближат толку блиску до некоја планета. Се проценува дека астероидот 2023 DZ2 е со дијаметар од 40 до 90 метри.

НАСА вели дека минувањето на огромен астероид викендот е важна можност за астрономите да го зголемат своето знаење за астероидите во случај да се открие голем објект со потенцијал да удри во Земјата.

„Нема шанси овој „убиец на градови“ да удри во Земјата, но неговото блиско поминување нуди одлична можност за набљудување“, изјави Ричард Мојсл, шеф за планетарна одбрана во Европската вселенска агенција, пишува Би-Би-Си.

Додека поминува на само 68.000 километри од Земјата, астероидот ќе биде видлив низ целиот свет со помош на двогледи и мали телескопи.

Преносот во живо ќе биде обезбеден од Проектот за виртуелен телескоп. Се чини дека објектот ќе се врати во орбитата на Земјата во 2026 година, но научниците дури и тогаш ја отфрлија можноста за закана за планетата.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Астероид од 160 метри се движи кон орбитата на Земјата

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ