Пет до шест прегратки дневно ќе ви го направат животот поубав и подолг, сметаат психолозите. А истото го заклучил и американскиот свештеник Кевин Заборни, кој уште во 1982 година денешниот ден го прогласи за меѓународен ден на прегратките.
Дека прегрнувањето има лековити својства потврдува и психологот Вирџинија Сатир и тврди дека на човек му се потребни четири прегратки на ден за да преживее. Таа дополнува дека потребни се осум прегратки дневно за да се одржиме, а 12 за да напредуваме.
Светски познатиот психолог Џек Кенфилд во својата теорија за прегрнувањето наведува дека прегрнувањето е здраво, целосно природно и практично совршено.