Ново истражување објавено во „Џурнал оф политикс“ утврди дека мажите кои растеле со сестри многу помалку работаат по дома, отколку тие кои немаат сестри.
Истражувањето покажало и дека мажите кои имаат сестри имаат поконзервативни погледи за улогите на половите. Затоа мажите, кои растеле со сестри, во поголем број сметаат дека жените се тие кои требаат да ги извршуваат домашните работи.
Причината за тоа се родителите, кои многу повеќе ги „терале“ женските деца да извршуваат домашни работи, а машките се навикнале на тоа.
Таквите мажи очекуваат нивната идна избраничка да работи во домот, како што некогаш работеле неговите сестри.