Матурска парада 2013

Од:

Повеќе од 1.200 матуранти по седми пат денеска на градскиот плоштад „Македонија“ ќе го заиграат танцот квадрил во рамки на „Матурската парада 2013“. Новината е што годинава матурантите ќе играат салса и англиски валцер. Покрај скопските матуранти од 19 училишта, ќе танцуваат и матурантите од Куманово, Струмица, Гевгелија, Охрид и Струга.

Организатори на манифестацијaта се Дирекцијата за култура и уметност-Скопје и Танцовиот клуб „Ритам плус“ од Скопје. Покровители се Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт, а поддржувач е Делегацијата на ЕУ во Македонија. Медиумски покровител и партнер е Македонското радио-Радио Скопје, кое ќе го преземе радио сигналот од Словенија. Медиумски партнер е и Радио МОФ, кое ќе врши интернет видео пренос од „Матурската парада“.

Предвидено е „Матурската парада“ да ја отворат скопскиот градоначалник Коце Трајановски, евроамбасадорот Аиво Орав и претставник од Агенцијата за млади и спорт.

Собирањето и подготовките со матурантите денеска ќе почне во 09 часот. Официјалниот дел на програмата е во 11:30 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Пред 11 часот матурантите ќе имаат дефиле низ центарот на Скопје. Од градскиот плоштад ќе се движат по кејот „13 Ноември“, пред хотелот „Холидеј Ин“, паркот Жена-борец и ќе поминат низ портата „Македонија“. Потоа ќе пристигнат на градскиот плоштад, каде ќе се одвива официјалниот дел од програмата.

Освен дружењето и танцувањето на младите, оваа манифестација има и натпреварувачки тек, да се постави Гинисов рекорд во категоријата истовремено синхронизирано одигрување на еден ист танц на различни места или во различни градови. Последните три години составен дел на оваа манигестација е и изјавата на матурантите за ненасилство.

Организаторите имаат идеја со матурантите на градскиот плоштад да излезат и матурантите од 1963 година, кои одбележуваат 50 години од својата матура.

Годинава, девојките ќе носат жолти маички, а момчињата темно сини со натписот „Матурска парада 2013“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зурли и тапани, матуранти го блокираа Скопје

А1он

Честитка од 3.000 денари од градоначалникот Сашко Митовски за матурантите во Крива Паланка

Орце Костов

Само 11 матуранти, а 22 професори во гимназија во Македонски Брод – Во еден клас ќе матурираат тројца

Орце Костов

Матурантите се договорија со Заев, ќе има два екстерни и два интерни испити

Искра Манојлоска

ВМРО-ДМПНЕ бара поддршка од СДСМ и од сите други пратеници за предлог-законот за матура

Катерина Ѓуровски

Матурантите од денеска се на настава, до крајот на месецов ќе чекаат одлука од Собранието

Катерина Ѓуровски