Марсовец: Научна мисија

Од:

Елементариум – Белград

„Еве проблем: Ќе бидат потребни четири години следната НАСА мисија да стигне до мене, а се наоѓам во капсула која е проектирана да трае 31 ден. Ќе морам да создадам вода и да одгледувам храна на планета на која не расте ништо. Меѓутоа, ако не најдам начин да се јавам на НАСА, сето ова ќе биде залудно (…) Ќе ја користам науката за да се извлечам‟.

Марк Ватни е жив и оставен е сам да се снаоѓа на немилосрдната површина на Марс додека не стигне помош. Тоа отприлика е суштината на најавата за филмот Марсовец: Спасителна мисија. Филмот го режираше Ридли Скот според книгата Марсовец на Едни Вир. Овој ветеран на научна фантастика во својата биографија има запишани класики како Блејд Ренер и Осмиот патник.

Меѓутоа, тоа што филмот го прави посебен и поинаков од се што сте имале прилика да погледнете во претходните години е навистина солидната количина на науката која ја содржи.

Во светот на научната фантастика постои една многу чудна и на прв поглед слабо разбирлива област, изолиран остров наречен „тврда научна фантастика‟, која можеби најдобро го опишува Марсовец на Вир. Писателите на тврдата научна фантастика ставаат акцент на научната точност на делото, со што според мислењето на голем број на критичари ги прават текстовите помалку пристапни и целни за потесниот круг на публиката. Најпознати меѓу нив се Карл Саган (Контакт) и Артур Кларк (Средба со Рам). За жал, делата на тврдата научна фантастика ретко добиваат ваква голема популарност.

На писател да напише едно ремек дело на тврда научна фантастика потребно му е многу истражување. Енди Вир, програмер, кој почнал, но никогаш не ги завршил студиите на информатика на Универзитетот во Сан Диего, на почетокот немал ништо освен ентузијазам и љубов кон математиката. Сонот на Вир да стане писател, како што вели самиот, секогаш бил во сенка на неговата работа, но постојано се трудел да пишува. Марсовец ја почнал како низа текстови на својот веб сајт кој повремено го објавувал. Набрзо приказната за Марк Ватни почнале да ја читаат астронаути, физичари, математичари, книжевници и многу други, барајќи да ги обедини своите текстови во книга.

Вир во 2012 година книгата ја ставил на Амазон, каде се продавала по најниска можна цена од 99 центи. За само три месеци биле продадени 35.000 примероци, повеќе од преземањата од неговиот сајт. Ова привлекло внимание кај многу издавачки куќи кои се тркале да ја објават книгата. Подиум паблишинг ги откупил правата на аудио-книга во јануари 2013 година, а нешто подоцна и издавачката куќа Краун добила право на печатено издание. Во март истата година книгата дебитирала како 12 на листа на Њујорк тајмс за бестселери. Голем успех за едно дело од тврда научна фантастика.

Во едно интервју Вир зборува колку всушност сакал книгата да биде научно точна. Поминувал денови проучувајќи ја историјата на вселенските летови со екипаж, орбиталната механика, астрономијата, па и ботаниката. Само затоа што го сака и го умее тоа, Вир кој работел во неколку програмски компании, напишал програма за детално пресметување на траектории на сите летала во своето дело, за овие податоци да бидат исправни. Со таа работа во НАСА се занимаваат тимови физичари (додуша на многу повисоко ниво и со многу поголема одговорност), а самиот писател е исклучително горд на резултатите кои ги добил.

Вир вели дека може точно да го потврди денот кој настан кога се одиграл во книгата, не затоа што ја знае на памет, туку затоа што сите детали може да ги пресмета. Навигацијата со помош на ѕвезда на Марс, следење на сателитите на Марс, паметни начини за мерење на времето, растојанието и други мерни единици кои Ватни ги користи во книгата и филмот, во целост се применувани од научна гледна точка, се согласија многу експерти од НАСА. Ваквиот начин на пишување го направил Вернер популарен меѓу читателите кои се бават со научни професии, во врска со вселенско истражување или не, сеедно.

Инженерските потфати се развиени до детали. Ова е нешто што на екраните во кината и научно популарните книги ретко може да се види, а како знаење може да биде непроценливо. На пример: L и LCD екраните означуваат liquid, т.е. течност. LCD мониторите не работат на површината на Марс. Течноста се смрзнува или испарува и ја губи својата намена. Изолир траката е чудо и треба да се почитува и обожува. Во целост може да закрпи и најневеројатни работи и да издржи големи разлики во притисокот какви што може да приреди атмосферата на Марс. Како дополнителен слој во оваа торта, за сите љубители на научна фантастика, Марк Ватни има вистински смисол за хумор. Колку е реално Робинзон Крусо од Марс да остане при чиста совест и здрав памет, притоа се уште духовит, нема да дебатираме. Астронаутите поминуваат низ сериозни психолошки проверки и подготовки. Освен тоа, ова сепак е фантастика.

И пред било кој да почне да бара грешки во филмот и книгата, како што веќе направија неколкумина, ќе ве спасиме од маки. Ги има, секако. Тоа и самиот Вир го признава. Нема за нив да дискутираме за да не го расипеме филмот или книгата за тие кои не го гледале т.е. читале. Тоа поради што тврдата научна фантастика сепак е фантастика, е што сите овие приказни се плодови на човечка фантазија. Колку и да се точни податоците за планетата и нејзината атмосфера, математички пресметани траекториите и временските рамки, ова сепак е приказна.

Филмот, за разлика од книгата, имал голема помош од експерти од НАСА. Толку што над 50 страни од сценариото на Ридли Скот го напишале инженери на НАСА, кои дале свој печат во филмот. Ова влијание е исклучително видливо и присутно, што му дава нова димензија, научна. Иако сите аспекти од филмот не се баш реални, нивен голем дел е реален, а тоа е вистинско освежување кога се работи за филмовите на научна фантастика. За потребите на снимањето (а тие кои ја читале книгата ќе знаат зошто е ова толку важно), направени се цели фарми со компири со различни израстоци на млади компири, со цел и визуелниот аспектот на филмот да биде што пореален.

Снимањето е правено на само шест локации, што не е многу, но од друга страна, колку пределите на Марс се навистина различни, макар за нас кои не сме експерти?

Сцените на Марс се снимани во пустината Вади Рум во Јордан, која со својот црвен песок многу наликува на Црвената планета.

Вировиот Марсовец не е учебник, историска книга, ниту филмот на Ридли Скот е едуктативна програма. Ова е епска приказна за борба на човек со природата. Да го вратиме Ватни дома.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало