Мала „наезда“ на бебиња на ретки горили во Уганда

Од:

Уганда објави дека кај еден загрозен вид горили во Националниот парк Бвинди, којшто е под заштита на УНЕСКО, пет младенчиња се родиле за само шест недели.

Како што соопшти Агенцијата за заштита на природата на Уганда – УВА, последното бебе-горила од реткиот подвид Рушегира, се родило викендов. Со тоа, бројот на новородени малечки се искачи на седум оваа година. За споредба, лани беа родени само три младенчиња.

Туристите кои го посетуваат паркот, имаат можност да ги набљудуваат тамошните околу 400 планински горили, што е околу половина од вкупната нивна популација во светот.

Бвинди се наоѓа во југозападна Уганда, долж границата со Демократска Република Конго. Паркот се протега на над 320 квадратни километри со густа тропска шума и претставува дом на голем број животни.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он