Македонските танчари со сребро, бронза и финале на СП во модерни танци во Италија

Од:

Танчарите на студио „Брејк а Лег“ освоија  сребро, бронза и финале  на Светското првенство во ХипХоп и Брејкденс во Италија, во конкуренција на 3.300 танчари од 30 земји, што е најуспешниот настап воопшто за Македонија на светските првенства во модерни танци.

Светското првенство во ХипХоп и Брејкденс се одржа од 20 до 25 октомври годинава во Римини, во Италија. Натпреварувањето е организирано од страна на Светската и Италијанската танцова федерација (ИДО) и (ФИДС).

Учеството на „Брејк а Лег“ во Италија го поддржа и Министерството за култура на Република Македонија. Студиото се претстави во категориите деца, јуниори и сениори  и сениори 2. Тие ги постигнаа следните резултати: сребрен медал за Благоја Тодоровски, во категорија на соло мажи, бронзен медал за Ангела Нешовска, во категорија соло жени (Европски Унирвезитетски игри). Финалисти во категорија Хип Хоп формација деца, 5-то место во категорија брејк денс и 8. место во јуниорска категорија.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска