„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Од:

Во Домот на Армијата во Скопје вечерва во 19 часот ќе биде перформирана претставата „Импулс“ со студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при Универзитет „Гоце Делчев“-Штип.

Од Денс фест Скопје информираат дека претстава е во два дела, првиот насловен „All good” во кореографија на Адријана Данчевска, музика на Sawf-Pleasure, Loscil-Coasts во кој настапуваат: Стефани Шаршмит, Андреј Димоски, Емилија Милак, Клара Христова, Сара Димовска, Јоана Благадуша, Микаела Ангела Глигорова и вториот, под наслов „DEVILS HOLE“ во кореографија на Дејан Битровски, на музика на Виктор Филиповски и Тони Китановски, а настапуваат Стефани Шааршмит, Сара Димовска, Андреј Димоски, Емилија Милак, Клара Христова, Микаела Анџела Глигорова.

Во рамки на вечерта ќе се додели наградата „Менада за поддршка на развојот на современиот танц кај нас“ на кореографката и професорка на Кралскиот универзитет во Хаг, Холандија, Џоан ван дер Маст, која преку нејзиниот „Нов центар за танц“ од Хаг, додели донација на Катедрата за современ танц при УГД, танцов дрвен и винилски под за новите студија во Домот на армијата, со што се комплетираа стандардите за одржување на наставата за савремен танц на највисоко ниво.

Џоан ван дер Маст престојува во Скопје во рамките на програмата „Холандски танцови дострели“ која се одвива во периодот на декември 2021 со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија, а во која настап имаа танчерите на Скапино балет до Ротеррдам на 9 декември во Македонскиот народен театар, како и гостинот Самуел Вуерстен, кој одржа работилница и предавања за современата танцова сцена во Холандија.

Едукативната програма на универзитетско ниво за современ танц, која во моментов се одвива при Катедрата за современ танц при УГД, предводена од професорката и кореографка Рисима Рисимкин, е создадена со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија кај нас и соработката со врвни холндски уметници и институции. Во моментов оваа програма ја посетуваат и странски студенти, а од годинава програмата се одвива и на англиски јази и се отворија студиски програми за мастер во короеграфија и педагогија за современ танц, исто така на англиски јазик.

– Соработката со холандските уметници и поддршката која холандската амбасада, во изминативе 11 години ја дава се од исклучителна важност и имаат голем придонес во развојот на современиот танц кај нас, кој го сметаме за еден од врвните дострели на таа соработка, вели Рисима Рисимкин, деканка на Филмската акдемија при УГД, во чиј состав е Катедрата за современ танц.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска

Две сребра за македонската делегација на шампионатот во танц како спорт на Специјалната олимпијада во Грац

Ана Ололовска