Две сребра за македонската делегација на шампионатот во танц како спорт на Специјалната олимпијада во Грац

Од:

Осумчлената екипа на Специјална олимпијада Македонија во конкуренција на 13 земји освои два сребрени медала на првиот Светски шампионат на специјална олимпијада кој се одржа во Грац, Австрија. Нашата делегација настапуваше со две точки, јунифајд во двојки и соло перформанс.

– На нумерата „Te quero“ од Оливер, тимот „Сонриса јунифајд“ составен од Илина Георгиева, Јулијана Петровска, Марио Мицковски, Стефан Трпковски и јунифајд партнерите Сања Матеева и Димитар Мишев, одигра прецизно и страсно и жири комисијата настапот го оцени со сребрен медал. Додека соло настапот на Јулијана Петровска на нумерата „I wanna dance“ на Артем Узунов, салата ја остави без здив и освои сребро, се наведува во соопштението.

Од делегацијата изјавија дека имале успешен настап и се задоволни од искуството во Грац. Велат дека било прекрасно да се настапува пред публика.

Танчарите за ова првенство ги подготвуваше кореографката Евгенија Трифуновска, а водач на делегацијата беше Александра Димеска.

Во конкуренција имаше 13 земји (Австрија, Чешка, Естонија, Германија, Норвешка, Словачка, Украина, САД, Грција, Ирска, Индија и Литванија) од каде учествуваа 80 атлети, под водство на 30 тренери.

– Атлетите се натпреваруваа во четири категории, соло, пар, двојки и тим и во четири дисциплини, танго, уличен танц, сценска уметност и специјален настап. Танцот како спорт официјално е спортска дисциплина од олимписките игри на Специјална олимпијада во Абу Даби 2019 година и ќе биде официјална натпреварувачка дисциплина почнувајќи од Зимските олимписки игри на Специјална олимпијада 2025, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска