Мачор, кој пред две години исчезна без трага од Јужна Каролина е пронајден 3.200 километри од нејговиот дом. Успеал да стаса дури до Калифорнија. Мачорот се скрил во комбе на компанија за превоз на материјали, каде го пронашол човекот кој извршува рутинска инспекција.
Кевин, портокалово таби, исчезна од Андерсон во Јужна Калифорнија во 2013 година.
Џон Велш од Службата за заштита на животни во областа Риверсајд рече дека мачката се појавила во почетокот на март во приколката која превезува разни материјали низ целата земја.
Во текот на рутинската инспекција инспекторот слушнал мјаукање. Возачот изјави дека не знаел дека Кевин е внатре.
Дехидрираниот мачор е одведен во засолниште за животни, а таму преку неговиот микрочип ја пронашле сопственичката Шерил Волс, која се пошегува дека Кевин пропатувал повеќе од неа.
Шерил рече дека според неговата состојба се гледа дека некој се грижел за него, но кој тоа го направил и како Кевин стигнал во приколката, останува мистерија.