Јапонија е земја каде луѓето остануваат долго време на работа и речиси цело време се изложени на стрес. Но една компанија тврди дека има лек – мачки.
Вкупно девет мачки јадат, спијат и слободно се движат во мала канцеларија на ИТ компанијата Ферај во Токио, што на вработените им ја олеснува стресната работа.
Шефот на компанијата Хиденоб Фукуда ја воведе таа пракса во 2000 година по барање на еден од своите вработени кога барал да ја донесе мачката на работа.
Други јапонски компании исто така овозможиле животните да претстојуваат во канцеларија за намалување на стресот и анксиозноста.
– Во компанијата Оракл Џапан, англиски овчар по име Кнади работи како амбасадор за поздрави и лекување, се наведува на веб страницата на таа компанија.
Компанијата наведува дека во канцеларијата има куче од 1991 година и дека Канди од тогаш е четврто куче кое има Твитер и Инстаграм налог.