Чувари на еден затвор на крајниот север на Русија фатиле мачка со чија помош на затворениците им се доставувани мобилни телефони и полначи.
Управата на затворот во областа Коми соопшти дека мачката е фатена во петокот навечер, додека се качувала по оградата на работниот логор со два мобилни телефони, батерии и полначи прицврстени со леплива лента на грбот.
На Интернет страницата на Управата на затворот поставена е и фотографија на малиот „шверцер“ – црно-бела мачка која еден од чуварите ја држи за вратот.
– И претходно се обидуваа да прошверцуваат забранети предмети во затворот, но овој случај со мачката е единствен. Ништо слично никогаш не е забележано во историјата на затворот, се наведува во соопштението на затворот.