Мачка се вратила дома по 15 години

Од:

Кога мачката Јода исчезнала пред 15 години нејзината сопственичка Хелен Волс мислела дека никогаш повеќе нема да ја види. По цели 15 години Јода се вратила дома и ја оставила сопственичката без зборови.

Имено Хелен примила повик од ветеринарот, кој ја воодушевил со вестите за Јода.

– Кога видов дека ослабнала и изгледаше уморно, заплакав. Ветеринарот ми објасни дека остарела и загубила на тежина, но се врати дома и пресреќна сум!, изјави Хелен, која пред 18 години купила две слатки мачиња за својата ќерка Емили.

Емили била голем обожавател на серијалот „Војна на ѕвездите“, поради што мачката ја нарекла Јода, а другата Фурби. Инаку една од причините за заминувањето на Јода, било дивото однесување на Фурби, „алфа“ мачка во семејството.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он