Мачка преживеа осум дена во затворена кутија по грешка испратена по пошта

Од:

Сијамска мачка по име Капкеик преживеа осум дена затворена во кутија откако нејзините сопственици случајно ја испратиле по пошта во друг дел на државата.

Капкејк во кутијата се нашла заедно со порачани ДВД дискови кои од југозападниот англиски град Корнвел биле испратени во 418 километри одалечен Западен Сосекс, во јужниот дел на земјата.

Примачот на поштата во кутијата најде тешко дехидрирана мачка, а потоа  контактирал со Кралското здржение за спречување на суровост кон животните, барајќи помош. Од Здружението до сопственикот на мачката Капкејк дојдоа со помош на вграден микрочип.

– Кога сфативме дека исчезнала пред две недели беше најлошо, застрашувачко чувство. Ја баравме насекаде, изјави сопственичката на мачката Џули Багод, истакнувајќи дека заради сето ова се чувствува многу ужасно.

– Ставив се во кутијата и ја залепив, не знам како се најде во неа, додаде Багод. Ветеринарите соопштија дека на Капкејк ќе и биде потребно лекување, но дека брзо целосно ќе се опорави.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он