Луѓето за 15 години ќе се вљубуваат во компјутерите

Од:

Флертување со компјутерите, па дури и вљубување во нив ќе биде можно за само 15 години, предвидуваат футуристите.

Светот опишан во филмот „Хр“ (Her) каде човекот развива врска со интелигентниот компјутерски оперативен систем ни е поблизок отколку што мислиме, истакнува инженерот, Реј Курцвајл од Гугл.

На конференцијата во Њујорк минатата недела тој изјави дека технологијата ќе биде способна за емоционална интеракција.

– Предвидувам дека компјутерите ќе бидат на ниво на луѓето, па до 2029 година ќе биде можно да стапите во врска со нив. Кога зборувам „на човечко ниво“ мислам за емоционалната интелегенција, можноста да се пошегуваат, да бидат духовити, романтични, мили, сексипилни…, рече 66-годишниот иноватор и футурист.

Курцвај смета дека филмот „Хр“ е со многу реалистичен опис за тоа што може да стане реалност.

Инаку тој претходно ја предупредуваше јавноста дека компјутерите до 2029 година ќе станат попаметни од луѓето.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ