Лубеница од прочуената сорта “денсуке” беше продадена на аукција за 300 илјади јени (речиси 3200 долари). Таа беше купена на пазар во градот Асахикава, кој се наоѓа на најсеверниот остров Хокаидо, од 33-годишниот сопственик на мрежа супермаркети.
Тој планира да ја изложи лубеницата во еден од своите маркети и да ја препродаде на нов тендер. Оваа сорта се пофали со својата сочност и сладост, а има и црна кора. Лубениците “денсуке” се одгледуваат на остров Хокаидо.
Оваа година се очекува да бидат продадени речиси 70 илјади елитни “денсуке” секој со просечна цена од 5.000 јени (50 долари).
Јапонците многу сакаат лубеници, како и да експериментираат со нив. Во 2005 на островот Кјошю беше одгледувани лубеница со тежина 111 килограми – најтешката во новото столетие.