„Ловец на чудовишта“ забранет во Кина поради „расно бесчувствителна шега“

Од:

Филмот „Ловец на чудовишта“ со Мила Јововиќ викендов беше повлечен од кината во Кина поради шега на сметка на ликот на раперот глумец Џин Ау-Јеунг, која како „расно бесчувствителна“ предизвика бројни негодувања кај Кинезите.

Имено, во спорната сцена, самиот тој вели „Види ми ги колената“ (Look at my knees), по што би следел заклучокот – „тие се кинески“ (they’re Chi-nese)! Римата, сепак не е довршена…

Но, продукциската куќа „Константин филм“ се извини за таа реплика.

„Немаше апсолутно никаква намера за дискриминација, навреда или на каков било начин да се повреди кинеската култура. ‘Константин филм’ ја сослуша загриженоста изразена од кинеската публика и ја отстрани реченицата што доведе до ова ненамерно недоразбирање“, се вели во известувањето.

И Капком Азија, компанијата сопственик на видеоиграта врз која е заснован филмот, се јави со свое соопштение на кинеската платформа Веибо.

„Откако ги чувме вашите мислења за филмот ‘Ловец на чудовишта‘, ги собравме наведените забелешки и ја пријавивме оваа ситуација до соодветните компании“, се вели во објавата.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска