Лоренс Фишбурн: Не ме поканија за „Матрикс 4“

Од:

Лоренс Фишбурн за „Њујорк магазин“ потврди дека не бил поканет од продукцијата на „Матрикс 4“ за да биде дел од филмот.

– Не ме поканија. Тоа можеби ќе ме поттикне да напишам некое друго сценарио. Им посакувам сѐ убаво. Се надевам, филмот ќе биде одличен, изјави Фишбурн.

Тој во првите три дела од приказната го глумеше Морфиус, и вели дека би му било драго луѓето да го запомнат најмногу по оваа улога. Другите двајца од славното „Тројство“ – Кијану Ривс и Кери-Ен Мос ќе ги повторат своите улоги и во четвртиот дел.

„Матрикс 4“е во фаза на снимање. Сценариото и режијата се на Лана Вачовски. Други познати имиња меѓу глумците се: Пријанка Чопра, Нил Патрик Харис, Џејда Пинкет Смит, Џонатан Гроф и други.

Првото прикажување на филмот е закажано за 1 април 2022 година.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска