Лекарите ја завршија анализата на наводните вонземјани, нивните заклучоци ја искомплицираа ситуацијата

Од:

Околу една недела откако Хозе Хаиме Маусан, познат новинар и уфолог, пред Мексиканскиот конгрес презентираше две тела за кои рече дека се од вонземско потекло, лекарите завршија со обработката на остатоците од чудните суштества и рекоа дека не нашле апсолутно никакви докази дека некој што се пошегувал со јавноста.

„Не, не најдовме докази за какво било можно склопување (на скелетите) и манипулација со черепите“, велат лекарите кои ги анализирале мумифицираните тела во клиниката „Нур“, предводени од Хозе Залче Бенитез, директор на Институтот за истражување во Здравствени науки во канцеларијата на мексиканскиот државен секретар на морнарицата.

Тој додаде дека истражувањето потврдило дека телата на наводните вонземјани навистина припаѓаат на еден скелет и дека нивниот скелет не бил споен со „човечки објекти“.

Тој, исто така, истакна дека едно од откриените тела најверојатно истовремено носело јајца внатре.

Маусан за време на својот говор пред мексиканскиот конгрес рече дека „изложените примероци не се дел од земната еволуција, дека над 30% од примероците на ДНК од нивните останки ни се непознати и дека се пронајдени закопани во рудници за дијатомеј во Перу во 2017 година во близина на градот Куско“.

Неговите тврдења веќе беа исмејувани следниот ден, особено откако корисниците на Редит пронајдоа видео од август 2021 година на кое беше претставено идентично суштество со образложение дека е буквално составено од човечки и животински коски.

„Оваа мумија ја нарековме Џозефина. Наместо надлактица, таа има бедрена коска, а нозете и се уште позбунувачки. Едната бедрена коска е превртена наопаку додека другата е тибија.

Исто така, гледаме неусогласени коски на колкот, воопшто нема зглобови. Со други зборови, така распоредено, суштеството никогаш не направило ниту еден чекор“, велат научниците кои го анализирале суштеството.

Освен тоа, францускиот палеонтолог Жулиен Беноа изразил мислење дека креаторите на таа мала хуманоидна мумија користеле черепи на помали цицачи, веројатно лами или алпака.

Тој бил доведен до таков заклучок со споредба која покажала дека черепната празнина на рептил всушност совршено одговара на кранијалната празнина на ламата.

Би можело да ве интересира

Србија подигна воени авиони: забележан неидентификуван летачки објект

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Досијеа икс“ на француски начин: научници го објаснуваат феноменот НЛО

Катерина Ѓуровски

Вонземјани го киднапираа мојот дедо: Легендата на УФЦ верува во живот на други планети

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Американската влада отвора нова канцеларија за следење на вонземјаните

ВИДЕО: Селаните во Перу бараат воена помош поради „напад од вонземјани“

Предраг Петровиќ