Вонземјани го киднапираа мојот дедо: Легендата на УФЦ верува во живот на други планети

Од:

Американската ММА фајтерка Анџела Хил откри дека нејзиниот дедо и неговата втора сопруга биле киднапирани од вонземјани пред повеќе од шест децении, а тоа траело три часа.

Една од најпознатите жени во УФЦ организацијата, Американката Анџела Хил (38) е сигурна дека има живот и на други планети. Покрај боречките вештини, таа создава и содржини за „OnlyFans“ каде што не покажува многу голотија, туку нејзиниот професионален живот, игра видео игри и бара докази за неидентификувани летечки објекти – односно целата култура на НЛО. Причина за тоа е приказната на нејзиниот дедо од 1961 година, кога бил киднапиран од вонземјани?!

“Тоа отсекогаш бил особено интересен дел од мојата семејна историја. За нас тоа секогаш биле факти. Знаеме дека нешто се случило, дури и да не е точно она што се зборувало”, откри Хил и додаде: “Тоа е една од оние работи кои отсекогаш сум ги знаела и не мислев дека е чудно за тоа, се додека не го спомнав на една пријателка. Таа побара на интернет, па бев изненадена кога видов дека за мојот дедо пишува на Википедија.

Наводно, дедото на Анџела Барни и неговата втора сопруга Бети виделе необичен летечки објект додека се враќале од Нијагарините водопади во својот дом во Хемпшир. Тврдат дека за време на тоа патување биле киднапирани од вонземјани, бидејќи воопшто не се сеќавале на тричасовното патување. За тој настан се напишани книги, се снимаа документарни филмови, а има култен статус кај луѓето кои „ловат“ НЛО.

Барни почина седум години по „киднапирањето“, неговата втора сопруга Бети живееше до 2004 година, а денес нивното сеќавање го чува семејството, како и хорор филмот „Nope“ од 2022 година, кој публиката го оцени како катастрофален. Не е идентично со настаните раскажани во семејството Хил, пред се затоа што главните ликови се брат и сестра кои имале средба со вонземјани. Сепак, Анџела е горда на приказната на своето семејство.

„Еден од најинтересните делови од приказната е тоа што вонземјаните киднапираа црнец“, посочува девојката која има 23 борби во УФЦ и додава: „Филмот Nope повеќе или помалку е за мојот дедо. Колку повеќе работи како Nope гледаме , каде ликовите на црнци се вклучени во тие вонземски работи, повеќе луѓе ќе ја видат таа приказна и ќе помислат „О, да, ова навистина се случило“.

Анџела на почетокот на кариерата се занимавала со кик-бокс, но по само неколку меча во кои победила се префрлила на ММА. По три години вежбање мешани боречки вештини, таа го доби првиот договор со УФЦ и веќе шест години се натпреварува во најдобрата организација во светот. Сепак, не може да се каже дека има премногу успех – во својата професионална ММА кариера забележа 15 победи и 13 порази, а заклучно со мај 2020 година има три победи и дури шест загубени натпревари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Досијеа икс“ на француски начин: научници го објаснуваат феноменот НЛО

Катерина Ѓуровски

Лекарите ја завршија анализата на наводните вонземјани, нивните заклучоци ја искомплицираа ситуацијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

ВИДЕО: Селаните во Перу бараат воена помош поради „напад од вонземјани“

Предраг Петровиќ

Пилоти над Словенија виделе НЛО? Чуден разговор со контролата на летот: „Силна светлина доаѓа кон нас“

Предраг Петровиќ

НЛО над Словенија го збуни пилотот: „Во моментов кон нас свети силна светлина“

Горан Наумовски