Пилоти над Словенија виделе НЛО? Чуден разговор со контролата на летот: „Силна светлина доаѓа кон нас“

Од:

Уредниците на словенечкиот портал 24ur.com добиле, како што тврдат, малку необична снимка од разговор меѓу пилот на TUI Airways и контролор на летот.

Имено, кога пилотот бил над Словенија, видел некои светла пред себе, пренесува порталот, па ја контактирал контролата на летот за да праша дали можеби станува збор за воен авион. Контролорот го известил дека нема пријава за воен сообраќај, па не се знае што точно видел пилотот, пишува 24ur.com. Тие пишуваат за авион на TUI Airways кој полетал од аеродромот Ист Мидлендс во Велика Британија во саботата во 15 часот и 45 минути и слетал на грчкиот остров Родос во 21 часот и 12 минути.

За време на летот над Словенија, пилотот контактирал со контролорот, а разговорот се одвивал вака:

Пилот: TomJet 7KL

Контролор: Кажете што сакате.

Пилот: Имам малку чудно прашање, но дали има воени авиони кои летаат во насока на стрелките на часовникот од еден до два, на околу 40 или 50 милји.

Контролор: 40 милји, покажувачот на еден?

Пилот: Да. Можеби (сигналот беше прекинат за кратко време).

Контролор: Всушност, нема извештаи за воен сообраќај.

Пилот: Во ред. Силна светлина, токму сега, сјае кон нас. Непосредно пред да ве исконтактирам, блесна кон нас, потоа исчезна и почна да трепери. Потоа отскокна на небото и повторно почна да свети постојано.

Со тоа заврши разговорот за непознатиот летечки објект.

Необичниот разговор меѓу пилотот и контролорот дојде само еден месец откако американската влада го објави својот извештај за „неидентификувани небесни феномени“.

Би можело да ве интересира

Србија подигна воени авиони: забележан неидентификуван летачки објект

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Досијеа икс“ на француски начин: научници го објаснуваат феноменот НЛО

Катерина Ѓуровски

Вонземјани го киднапираа мојот дедо: Легендата на УФЦ верува во живот на други планети

Предраг Петровиќ

Лекарите ја завршија анализата на наводните вонземјани, нивните заклучоци ја искомплицираа ситуацијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

ВИДЕО: Селаните во Перу бараат воена помош поради „напад од вонземјани“

Предраг Петровиќ